НАТО ќе повлече 50 нуклеарки од Турција

Loading...

Обидот за воен удар во Турција и затворањето на аеродромот Инџирлик поттикнаа едно важно прашање – колку е мудро да се чуваат најголемите залихи на нуклеарно оружје во Европа на така чувствително место.Потенцијалните терористички закани на оваа база на НАТО оддалечена само стотина километри од сириските граници веќе доведоа до зголемување на безбедноста. Се проценува дека на Инџирлик се чуваат педесет B61 нуклеарни бомби. Обидот за воен удар уште повеќе ја зголеми загриженоста за држење на таков опасен арсенал на така нестабилно подрачје.
Турската влада тврди дека некои од заговорниците биле во Инџирлик и дека полетале од оваа база. Поради тоа и беше забрането надлетувањето над базата и прекинато напојувањето со електрична енергија. Притоа, привремено беа прекинати и воздушните операции на САД против милитантите на т.н. Исламска држава во Сирија.
– Мислам дека безбедносната ситуација во Турција и во областа околу воената база повеќе не ги исполнува условите за безбедност за складирање на американското нуклеарно оружје. Треба да се земат предвид сите овие предупредувања пред нешто да тргне многу на лошо. Време е за повлекување на ова оружје – изјави за „Гардијан“ Ханс Кристенсен, експерт за нуклеарно оружје во Алијансата на американските научници.Потенцијалните терористички закани на оваа база на НАТО оддалечена само стотина к

loading...