Присуството на претставници на Армијата на Република Македонија во Авганистан, преку мисијата „Одлучна поддршка“ влијае на подобрување на безбедносната состојба во оваа земја, беше потврдено денеска на состанокот на Воениот комитет на Северно-атлантската алијанса во Брисел. Како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, на денешниот состанок во формат земји-партнери во пост-ИСАФ мисијата во Авганистан на ниво началници на генералштабови на земјите-партнери, меѓудругите присуствуваше и првиот човек на македонската армија, генерал-потполковник Методија Величковски.
Во изјава за МИА по состанокот, началникот на генераштабот на АРМ истакна дека Воениот комитет на НАТО на двапати годишно организира т.н. сесии на началниците на генералштабовите. Во тој контекст, според Величковски бил и денешниот состанок за мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, кој започнал со рапорт на командата на оваа мисија, односно за прогресот, проблемите и се она што беше поставено на претходната сесија како задача пред командата.
– Како заклучоци што ги донесовме на сесијата на началници е дека мора да продолжи натамошно јакнење на оперативните капацитети на авганистанската армија со цел превземање на заштитата на територијата на Авганистан со сопствени вооружени сили. Јасно е дека задачите се одвиваат плански, но со отежнителни фактори што се добро познати, а тоа е пред се политичката состојба во Авганистан. Исто така, утврдивме дека мора да се продолжи со интензивна обука на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, преку формирање гранична полиција и обука на органите на МВР со цел внатрешна контрола на територијата и продолжување на менторирањето на сите сегменти во општеството, како воениот, така и цивилниот, со намера Авганистан да дојде во ситуација да може сам да се грижи за сопствената безбедност, реферираше генерал-потполковник Величковски за заклучоците на денешниот состанок во седиштето на НАТО во Брисел.
Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, потврди дека нашата држава „стои цврсто на ставот дека останува на логото ‘Заедно внатре, заедно надвор’, преку реформирање на македонската поддршка на мисијата„. Генерал-потполковник Величковски вели дека Македонија останува во истиот формат со свои инструктори во командите „Север“ и „Центар“.
– Од земјите-партнери, што денеска преку билатералните контакти со моите колеги-началници ми беше признаено, тврдат дека нашето присуство и менторирање влијае на подобрување на состојбата на авганистанската армија, дециден е НГШ Методија Величковски.
Пред денешниот состанок на Воениот комитет на НАТО, првиот човек на македонската армија посочи дека имал редовен состанок со македонскиот амбасадор при македонската мисија во Алијансата, Зоран Дабиќ, со цел меѓусебно информирање за состојбите во НАТО и координирано и синхронизирано известување и настапување.
– Верувам дека во натамошниот период мисијата ќе работи постабилно од причина што пред Новата година, истата е засилена со воен преставник. Веруваме и оптимисти сме дека на најавениот Самит на НАТО што годинава треба да се одржи во Брисел, со преселба на седиштето на Алијансата во новата зграда, дека можеби истото ќе го дочекаме и како земја-членка на НАТО, оптимист е началникот на Генералштабот на АРМ, Методија Величковски.Во изјава за МИА по состанокот, началникот на генераштабот на АРМ истакна дека Воениот комитет на НАТО на двапати годишно организира т.н. сесии на