Научете како да не бидете срамежливи

Доколку сте срамежливи пропуштате многу работи, разговори со момчиња кои висе допаѓаат и слично. Но, ова може да се реши, па затоа дознајте како.Вежбајте ги разговорите претходно
Сите ги вежбаат битните разговорите однапред бидејќи така се добива поголема самодоверба.
Совладајте ги вашите моќни пози
Говорот на телото кажува многу. Побарајте неколку видеа од луѓе кои покажуваат како со помош на телото да постигнете поголема самодоверба.
Секој ден поставете си некоја цел и остварете ја
Сакате јавно да зборувате на вашиот следен состанок? Ако тоа ве предизвикува, пробајте да го реализирате. Самодовербата ќе ви се зголеми и нема да се откажувате така лесно.
Застанете пред фотоапаратот
Вие секогаш стоите зад фотоапаратот сликајќи ги другите бидејќи вашиот начин на забава е да не бидете забележани. Време е да застанете пред фотоапаратот и да бидете дел од тие заеднички спомени со вашите пријатели.
Секој ден правете по една работа од која се плашите
Се плашите да праќате мејлови? Праќајте по неколку секој ден. Не сакате да одите во вашето омилено кафуле бидејќи има премногу гужва? Уште една причина за да отидете!
Одете на двоен состанок со вашата најдобра другарка
Понекогаш за одење на состанок со момче за првпат ви е потребна потпора. А кој би бил најдобра потпора за вас ако не вашата најдобра пријателка?
Променете нешто во стилот
Промената ќе направи да бидете забележани. Направете шишки или бојадисајте ја косата во омбре стил. Носете куси здолништа наместо куси панталони. Ставете шешир, очила, облечете кратки чизмички, или што било поразлично од она што го носите секојдневно. Вежбајте ги разговорите претходно
Сите ги вежбаат битните разговорите однапред бидејќи така се добива поголема самодоверба

Пронајдете не на следниве мрежи: