Научниот свет редовно спроведува истражувања чија цел е да откријат што се крие зад привлечноста помеѓу мажите и жените. Еве неколку од популарните тврдења, како и научните факти кои стојат зад нив:
ТОЧНО е дека жените преферираат мажи кои изгледаат меланхолично.
Канадски научници тврдат дека жените не сакаат насмеани мажи. Во рамките на нивно истражување, жените ги оценувале насмеаните мажи како помалку привлечни, отколку мажите кои изгледале сериозно и замислено. Психолозите веруваат дека жените не ги привлекува меланхолијата, туку гордоста, т.е. мажи со кренати гради, кои изгледаат решително и покажуваат блага агресивност. Од друга страна, мажите сакаат насмеани жени и ги оценуваат како непривлечни жените кои покажуваат гордост.
ТОЧНО е дека мажите мислат на секс повеќе од жените.
Сите истражувања укажуваат на тоа дека мажите повеќе мислат на секс, но и дека имаат повеќе сексуални партнерки. Младите мажи мислат на секс во просек на секои 40 минути, а девојките во просек на секои 90 минути.
ТОЧНО е дека жените преферираат високи мажествени мажи.
Што го прави еден маж привлечен? Иако вкусот за мажи варира, сите жени се согласуваат кога станува збор за висината. Истражувањата покажале дека жените посакуваат мажи кои се повисоки од просекот. Од друга страна, на мажите им се попривлечни пониските жени. Жените посакуваат мажи кои се нивна спротивност, т.е. такви кои имаат силна мажествена вилица и брада и дебели истакнати веѓи.
ПОГРЕШНО е дека спротивностите се привлекуваат.
Научниците велат дека кога се работи за изборот на партнер, не важи принципот „спротивностите се привлекуваат“. Американски истражувачи тврдат дека луѓето си избираат партер кој е во нивната лига, односно кој има приближно еднакво ниво на привлечност, интелигенција и статус во општеството.
ПОГРЕШНО е дека мажите претпочитаат русокоси.
Минатата година било направено истражување кое покажало дека иако мажите повеќе им приоѓаат на русокосите, сепак како попривлечни ги оценуваат жените со темна боја на косата. Но, доказите покажуваат дека вкусовите на мажите се менуваат низ годините. Кога била актуелна Мерилин Монро, мажите преферирале русокоси, потоа, кога Џеки Кенеди била олицетворение на убавина, мажите повеќе посакувале бринети…
ПОГРЕШНО е дека на мажите не им се привлечни успешни жени.
Во минатото интелигентните и способни жени биле потиснувани и не им се давало простор да се пробиваат во општеството. Освен тоа, не биле ни посакувани за љубовни партнерки. Денес жените се успешни и на сексуален, и на професионален план. Дури и на повеќето мажи денес не им смета жената да заработува многу повеќе од нив.
ТОЧНО е дека жените се попребирливи.
Истражувањата покажале дека и мажите и жените можат да оценат дали им се допаѓа личноста која седи спроти нив во период од само 3 секунди. Очекувано, жените бараат висок фит маж кој може да ги насмее и кој изгледа дека може да им пружи материјална сигурност. Мажите пак бараат жени со идеални пропорции (колкови-половина), крупни очи, младешко женствено лице и чиста здрава кожа. Разликата е што жените многу повеќе се придржуваат кон своите барања и не прифаќаат да излезат со мажи кои отстапуваат од нив. Од друга страна, мажите полесно ги забораваат своите барања и се задоволуваат и сакаат да излегуваат и со партнерки чијшто изглед се разминува со нивните идеали.ТОЧНО е дека жените преферираат мажи кои изгледаат меланхолично.
Канадски научници тврдат дека жените не сакаат насм