Прв пат во историјата, научниците успеале да стават микрофон на најдлабокото место во океан, Маријанска бразда, која се наоѓа во Тихиот океан, 11.034 метри под површината.За да го издржи притисокот од дури 1,086 бари, микрофонот бил обложен со титаниум и на дното од океанот снимал звуци повеќе од три недели.
Иако, од најдлабокото место во океанот, би можело да се очекува тотална тишина, овој пат, тоа не било случај.
Научниците, кои биле дел од тој проект, тврдат дека снимиле низа различни звуци.
Роберт Ѕиак од Националната администрација за океани и атмосфера, набројал што слушнале.
„Станува збор за константна бука, што од природни извори, што од резултат на човечки активности. Најгласни се слушаат земјотресите, бидејќи Маријанската бразда е во тресно подрачје. Освен тоа, слушнавме и песни од китови“, рекол Ѕиак.
Целта на истражувањето било утврдувањето на прецизни нивоа на бука, за научниците во иднина со новите мерења да можат да утврдат дали таа се зголемува или не.За да го издржи притисокот од дури 1,086 бари, микрофонот бил обложен со титаниум и на дното од океанот снимал звуци повеќе од три недели.