НАУЧНИЦИТЕ ИЗНЕНАДЕНИ: Откриена е најлековитата вода на Балканот!

Водата тече нонстоп на тој извор и не е хлорирана, така што сите кои престојуваат во Дивчибаре би требало задолжително да ја пијат.На еден извор во центарот на Дивчибаре, во близина на Ваљево, пронајдена е лековита вода со висок квалитет и богата со магнезиум каква што нема на Балканот.
„Водата е толку квалитетна што може веднаш да се пакува, а вистински благодат е тоа што е богата со магнезиум кој влијае на работата на срцето, крвните садови, разбивање камен во бубрегот и влијае на општата состојба на организмот“ – вели шефот на Центарот за обновливи водни енергетски ресурси, проф. д-р Дејан Милениќ.
Белградскиот Рударско-геолошки факултет на барање на барање на Градската дирекција од Ваљево, направи истражување на Дивчибаре кога се откриени два извори кои можат да ги задоволат моменталните потреби на вода во туристичкиот центар во ваљевскиот крај.
„На нашиот пазар нема природни води кои содржат волкаво количество магнезиум. pH-вредноста на водата е слабобазна, што го растоварува желудникот. Во моментов водата на тоа извориште тече нонстоп, не е во систем на водовод и не е хлорирана, така што сите кои престојуваат во Дивчибаре би требало задолжително да ја пијат“ – вели Милениќ.
Тој објаснува дека карпите од кои е формиран планинскиот масив Дивчибаре се полни со магнезиумови минерали, па оттаму и толку квалитетна вода во тој крај.
„Водите кои се формираат во вакви карпи се најлековити и најдобри за пиење. Мислам на обични води, а не на магнезиумски кои се оптоварени со јаглероден диоксид, какви што се продаваат. Бидејќи се богати со јаглерод диоксид, не смеат да се пијат неограничено за разлика од природните, кои немаат нус-појави по здравјето на човекот“ – заклучува Милениќ.На еден извор во центарот на Дивчибаре, во близина на Ваљево, пронајдена е лековита вода со висок квалитет и богата со магнезиум каква што нема на

Пронајдете не на следниве мрежи: