Досега роботите можеа само да зборуваат и одат како луѓе, но тим германски истражувачи веќе се обидуваат да им дадат на машините и друга човечка способност – да чувствуваат болка.Според научниците, способноста на роботите да чувствуваат болка би била корисна, бидејќи на тој начин машините ќе можат да се штитат себеси и луѓето со кои работат, пишува научното списание „Science Alert“.
„Болката е систем кој нѐ брани“ – изјави Јоханес Кен од универзитетот Лајбниц во Германија.
„Кога го избегнуваме изворот на болка, се штитиме од тоа да бидеме повредени“ – додава тој.
За оваа причина, Кен и неговиот колега Сами Хададин развиваат тн. „вештачки роботизиран нервен систем“, кој ќе овозможи чувството на болка да достигнува до роботите. За да работи системот е потребно машината да го препознава самиот извор на болката, па и да може да одлучи што да направи за да престане чувството.
Екипата ги спроведува своите тестови со специјална роботска рака со вештачки сензор кој чувствува притисок и промени во температурата. Сензорот користи посебно „роботско ткиво“, преку кое оценува каква болка се чувствува.
Ако болката е слаба раката полека се повлекува, додека непријатното чувство не запре, потоа се враќа на првично поставената задача. При чувство на силна болка сепак раката запаѓа во состојба на блокада, запира активности и чека да добие помош од човек.
Според Кен и Хададин безбедноста е особено важна, особено кога сѐ повеќе роботи почнуваат да работат заедно со луѓе. Ако машината може да биде научена да чувствува болка, таа може да ги предупреди за можна опасност луѓето околу себе.
Ова не е прв пат во кој луѓето се обидуваат да научат роботи на човечки емоции. Претходно оваа година, американски истражувачи започнаа програма во рамките на која роботи се учат на сочувство кога читаат детски книги.Според научниците, способноста на роботите да чувствуваат болка би била корисна, бидејќи на тој начин машините ќе можат да се штитат