Научниците открија како да читаме мисли!

Еден професор од Јапонија го открил начинот на кој може да прочита нечии мисли пред таа личност да ги изговори.Истражувањето е насочено на пронаоѓање на врската меѓу звучните бранови кои ги создава говорот и мозочните бранови што мозокот ги испушта пред говорот.
За да дојде до овој заклучок, професорот Тошимаса Јамазаки, од институтот за технологија во Кјушу побарал од неколку групи на учесници на од сите возрасти да изговорат одредени зборови на јапонски јазик, како „појди“ и „пар“. Заедничко на овие зборови е тоа што мозокот произведува многу слични бранови кога се изговараат, како и кога се премолчуваат.
Истражувачите на Јамазаки потоа ги мереле промените на активностите во областа на фронталниот дел на мозокот, кој е одговорен за јазикот. Учесниците во истражувањето ги изговарале претходно споменатите три зборови, додека истражувачите ги мереле.
Она што го откриле е врската која се протегала од моментот кога зборот се формира во мозокот, до моментот пред устата да го изговори. Клучот за таквата врска е т.н. „потенцијал на спремноста“ – механизам познат по тоа што го менува однесувањето на мозочните бранови.
Кога мозокот е свесно спремен за говор, Јамазаки утврдил дека потенцијалот на спремноста ги менува брановите до две секунди пред да се изговори самиот збор.
Тимот кој работел на ова истражување изјавил дека сега се на правиот пат да ги подобрат методите на дешифрирањето на целите реченици и зборови. Исто така, тие на ова гледаат и како на потенцијал за испитување на говорниот инвалидитет, и можеби дури и начин да се овозможи говор на немите луѓе.Истражувањето е насочено на пронаоѓање на врската меѓу звучните бранови кои ги создава говорот и мозочните бранови што мозокот ги испушта пред гово

Пронајдете не на следниве мрежи: