Океанските длабочини кријат неверојатни изненадувања. Природата не престанува да нѐ изненадува, особено кога ни покажува дека во утробата крие чудни суштества, кои наликуваат како да се од друга планета. Неодамна, група научници од морската експедиција на Nautilus live, открија ново суштество.Преку специјално прилагодена техника за правење подводни фотографии со далечински управувач, тимот успеа да сними една неверојатна форма на живот на нашата планета. Виолеовиот мекотелец е исклучително редок вид кој се среќава само во длабочините на океаните. Дури и на експертите им беше тешко да го прифатат тоа што го гледаат, објави Iflscience.com.
„Ох, добро … тоа е страшно!“, извика еден од членовите. „Не можам да поверувам дека тоа е живо!“ Ова е единствено суштество од видот сифонофора, што претставува подвижна колонија од илјадници ситни организми, кои меѓусебно се поврзани во колонии, во која секој од нив придонесува за целината.
Покрај невообичаениот изглед, виолетовата боја на овој подводен вид е исто така необична. Подводниот репортер Р.Р., бојата ја дефинира како „шокантна нијанса“.
„За мене, најубавиот дел во науката се состои од моменти како овој – кога гледаш нешто што целосно ти го запира здивот. Иако сум проучувал животни кои се слични на ова во последните 5 години, ова видео ме остави без зборови. Суштеството е неверојатно!“, пишува репортерот.
Погледнете го видеото кое содржи кадри од оваа необична форма на живот:Преку специјално прилагодена техника за правење подводни фотографии со далечински управувач, тимот успеа да сними една неверојатна форма на живот н



