Научниците открија планета на која врне дожд од рубини и сафири

Планетата на која што буквално врнат рубини и сафири е пронајдена на оддалеченост од 1000 светлосни години од нашата планета Земја.Оваа планета – гасен џин каде што една година трае два дена, има облаци богати со минерали кои што создаваат скапоцени камења, тврдат научниците кои што велат дека ова е големо откритие кога станува збор за истражувањата на новите планети.
Исто така, за прв пат е откриен и климатски систем на планета која што е надвор од Сончевиот систем. Новата планета е наречена ХАТ-П-7б и нема услови за живот на неа. Таа е за 26 пати на поблиско растојание од својата ѕвезда, отколку до „нашето“ Сонце.
– Ние откриваме најразлични климатски системи надвор од Сончевиот систем и тоа е возбудливо открити. Со помош на сателитот на НАСА „Кеплер“, можеме да ја проучуваме светлината од атмосферата на ХАТ-П-7б при што откривме дека атмосферата се менувала со текот на годините. Резултатите покажуваат дека дуваат силни ветрови околу планетата и дека ги поместуваат облаците од страната на планетата каде што е ноќ, на страната на планетата каде што е ден, истакна Армстронг.
Тој додаде дека ветровите на новата планета драматично ја менуваат брзината и поради тоа се формираат огромни облаци кои што подоцна исчезнуваат.Оваа планета – гасен џин каде што една година трае два дена, има облаци богати со минерали кои што создаваат скапоцени камења, тврдат научниц

Пронајдете не на следниве мрежи: