Научниците откриле што е заедничко за сите жени кои изгледаат младо

Научниците од Харвард, за потребите на козметичката куќа “Olay” спровеле големо истражување со цел да дознаат како точно старее кожата на жената, а нивното истражување опфатило жени од различна возраст.Во истражувањето се покажало дека околу 10 отсто од жените стареат значително побавно од останатите, а научниците откриле што е она што ги поврзува овие жени. 
Она што е интересно е дека не се гените “виновници” за младоликоста туку всушност активноста на гените кои зависат од годините и биоритамот. Со годините, активноста на гените се намалува, а со тоа се намалува и производството на колаген во кожата. Но, како што покажало истражувањето, на овој процес може да се влијае и тоа преку животните навики и навиките при нега на кожата. 
Погледнете кои три фактори можат да влијаат на активноста на гените, кои се заеднички за сите жени од оние среќни 10 отсто.
Користење на крема со заштитен фактор
Околу 78 отсто од жените кои побавно стареат од останатите користат крема со SPF фактор. Исто така, 35 отсто од жените кои избегнувале сончање стареат многу побавно од останатите.
Правилна хидратација
Жените кои немале сува кожа покажале помали знаци на стареење на кожата. Иако и тука нивниот тип на кожа како и околината во која живееле одиграла голема улога, се покажало дека тие не само што користеле хидратантни средства туку и внесувале доволно течности.
Со тоа, една од најголемите тајни на младиот изглед е во правилната хидратација и внесување на доволно вода во текот на денот.
Позитивен став кон себеси
Третиот фактор кој научниците го воочиле е позитивниот став кон себеси кои младоликите жени го негуваат. Факторот е забележан кај 30 отсто од испитаниците чија кожа побавно стареела – затоа немојте да бидете строги кон себеси и научете се да се сакате – сега имате една причина повеќе за тоа.
 Во истражувањето се покажало дека околу 10 отсто од жените стареат значително побавно од останатите, а научниците откриле што е она што ги поврзува

Пронајдете не на следниве мрежи: