Научниците откриваат кои се најдобрите години за стапување во брак

Истражувањето кое неодамна го спровел универзитетот од Јута покажало дека брачните парови кои најмалку се разведуваат се оние кои стапиле во брак кога биле на возраст помеѓу 28 и 32 години.Тоа особено се однесува на “раните разводи”, односно на паровите кои го прекинуваат бракот само неколку години откако го склопиле.
Социологот Ник Волфингер кој го предводел истражувањето, ги анализирал податоците за браковите од 2006 до 2010 година и открил дека бројките покажуваат дека најдобрите, односно со најмал број на разводи поминале оние помеѓу 28 и 32 години кога застанале пред олтарот (или матичарот), со што ја дал контра-тезата на тврдењата дека најдобро е “да се венчате колку што е можно подоцна”, како што тврдат некои општествени научници.
Најлошо поминуваат оние кои се премногу млади – и премногу стари
Новото истражување покажува дека всушност најлошо поминуваат оние кои се венчале “многу доцна” и оние кои се венчаат “многу рано.” Меѓу оние кои имаат најголема веројатност да се разведат во првите пет години од бракот се двојки кои тоа го направиле кога биле на тинејџерска возраст или во раните 20-ти години, и двојки кои се венчале по 45-годишна возраст. Нивната шанса да се разведат е за 5 отсто поголема во споредба со “идеалната возраст”, пренесува indy100.com.
На прашањето зошто луѓето кои се венчале по 32-та година имаат “помалку шанси” да живеат ”во добро и зло додека смртта не ги раздели”, Волфингер нуди потенцијално образложение кое е поврзано со причините зошто некој го одложувал склопувањето на бракот.
“Луѓето кои чекаат до 30-тите можеби се оние кои немале предиспозиции и големи желби за брак” – вели тој, а подоцна може да се појави нервоза во врската со фактот дека тие во крајна линија сепак стапиле во брак.
Од друга страна, постојат истражувања кои зборуваат поинаку, како она од универзитетот Мерилен кое ги вклучило само жените. На пример, во таа студија се покажало дека совршената возраст за мажење е кога жената е помеѓу 45 и 49 години. Извесно е дека ќе бидат потребни уште многу слични студии за научниците да се усогласат, а дотогаш со среќа на сите кои неодамна стапиле во брак, без разлика колку и години да имаат.Тоа особено се однесува на “раните разводи”, односно на паровите кои го прекинуваат бракот само неколку години откако го склопиле.

Пронајдете не на следниве мрежи: