Родена во 1890 година, Хендрике Ван Андел-Шипер починала во 2005 година кога имала 115 години. Се до смртта била витална и со одлично здравје. Таа по смртта своето тело им го оставила на научниците за нивните потреби односно да ја испитаат нејзината крв и органите, тие тоа го направиле- трагајќи по тајната за нејзината долговечност. Откриле многу интересни работи…
Откриле дека околу две третини од нејзините бели крвни зрнца се направени само од две матични станици.( Матичните станици создаваат бели крвни зрнца кои се одговорни за борба против инфекциите, но имаат и други функции)
Вообичаено, околу 1.000 матични станици активно ги создаваат овие крвни ќелии. Ова откритие подразбира дека матичните станици умираат со текот на годините и навистина постои граница на човечкиот живот.
Кај оваа жена се забележани само мали и безопасни мутации на белите крвни зрнца. Тоа значи дека немало опасни мутации.
„Кога мутираат станиците, постои можност за селекција и некои соматски мутации може да доведат до рак“ велат научниците.
Науниците се надеваат дека ќе успат да откријат како оваа жена ја избегнала Алцхајмеровата болест така што нејзините гени ќе ги споредат со гените на оние кои ја имаат оваа болест. Таа по смртта своето тело им го оставила на научниците за нивните потреби односно да ја испитаат нејзината крв и органите, тие тоа го направиле- тр



