Научниците од САД открија сет на „зомби гени“ кои се активираат во клетките неколку дена по смртта на телото, се вели во натписот објавен во е-библиотеката bioRxiv.org.„За нас, овој експеримент претставува можност да ја задоволиме нашата научна љубопитност и да видиме што се случува кога ќе умреме. Главниот заклучок на студијата покажа дека можеме да научиме многу работи за тоа како функционира животот, преку проучување на смртта“ – рече Питер Нобл од Универзитетот на Вашингтон во Сиетл (САД).
Нобл и неговите колеги откриле дека во нашето тело и телото на животните постојат неколку гени кои се активираат само по смртта на нивниот сопственик – по набљудувањето што се случува во клетки на глувци и зебреста риба, еутанизирани со смртоносни дози на отров.
При следењето на процесите во клетките на неколку десетици мртви животни, научниците забележале дека активноста на гените и протеините во нив се менувале – што е неочекувало бидејќи сите витални процеси во ткивата на глувците и зебрестата риба биле целосно прекинати по престанокот на работата на кардио-васкуларниот систем, биолошките системи и мозочна смрт.
Се испостави дека имало неколку десетици или стотици гени кои биле активни неколку часа по смртта и чија активност останала на многу високо ниво пет дена по смртта кај клетките на глувците и зебрестата риба.
Многу од овие гени, како што е наведено од страна на научниците, се обидуваат да го „оживеат“ телото, да ги заштитат клетките од воспаление, да го подобрат имунолошкиот одговор и да го сузбијат стресниот процес. Другите „смртни гени“, на големо изненадување на биолозите, според зборовите на Нобл, биле исти како деловите од ДНК кои се активни во текот на ембрионалниот развој и кои учествуваат во формирањето на телото и активираат по раѓањето.
Најинтересно откритие беше дека во клетките на мртвите животни се активни гените кои се поврзани со развојот на рак. Ова може да објасни зошто трансплантацијата на органи на неодамна починати луѓе понекогаш доведува до развој на малигни тумори.
Според Нобл, овие гени и нивната активност, кои научниците ги нарекле танатотранскриптом, можат да се користат за прецизно пресметување на времето на смртта на лицето и со нивна помош да се утврди соодветноста на органите за трансплантација. Покрај тоа, следењето на активноста на гените во клетките на умирање, според мислењето на биологот, ќе помогне да се откријат тајните на нивната интеракција и како „функционира“ животот.„За нас, овој експеримент претставува можност да ја задоволиме нашата научна љубопитност и да видиме што се случува кога ќе умреме. Главниот