Скршен екран. Два збора кои може да не доведат до мини срцев удар, пред се заради цената која ќе треба да ја платиме за да го замениме екранот (дури и телефонот). Конечно, има решение!Екраните на мобилните телефони се кршат бидејќи се направени од стаклени материјали. Научници од Универзитетот во Акрон, предводени од Yu Zhu, тврдат дека може да направат слој од невидливи електроди кои ќе ги направат екраните на телефоните (примарно iPhone) да не се кршаат воопшто.
Материјалот кој е добиен при мешање на овие слоеви со обичниот екран (на сликата) има идентична транспарентност и бои како и оригиналниот телефон. Со тоа, се задржува квалитетот на сликата, а добиваме површина која издржува секакви видови на малтретирања (паѓања, мавање по екранот) без проблеми.
Со помош на овој материјал, екраните стануваат пофлексибилни и со тоа може да се виткаат до 180 степени, според досегашните тестови и испитувања.
Дознајте повеќе на gsm.mkЕкраните на мобилните телефони се кршат бидејќи се направени од стаклени материјали. Научници од Универзитетот во Акрон, предводени од Yu Zhu, тврд