Дали органската храна е навистина поздрава од обичната храна? Истражувачите од Универзитетот Њукасл во Англија, испитале и спроведеле мета-анализа на 343 рецензирани научни студии во обид да дознаат дали органската храна содржи поголема хранлива вредност од конвенционалната храна. Резултатите најверојатно ќе изненадат некои луѓе, но ќе го потврдат она што многумина веќе го знаат – органската храна е навистина многу поздрава за човекот.Студијата ги опфати постоечките истражувања кои се фокусирале на разликите помеѓу органската и конвенционалната храна, откривајќи дека постојат некои значителни разлики во хранливата вредност помеѓу двата вида на исхрана.
– Ние извршиме мета-анализи врз основа на 343 рецензирани публикации, кои статистички покажуваат значајни разлики во составот помеѓу органските и неорганските култури.
Најважната разлика што истражувачите ја откриле е дека органската храна содржи многу повисоко ниво на антиоксиданси. Антиоксидансите ја спречуваат оксидацијата во телото, што значи дека му овозможуваат на организмот да се бори против одредени болести и ракот. Соопштението Работната група за животна средина истакна дека:
„Потрошувачите кои ќе се префрлат на органско овошје, зеленчук и житни култури, ќе добијат 20 до 40 проценти повеќе антиоксиданси. Тоа е еквивалент на околу две дополнителни порции овошје и зеленчук на ден, без да се зголеми внесот на калории.“
Купувачите често тврдат дека органската храна е премногу скапа за купување. Но, таа содржи поголем процент на хранлива вредност по порција, па затоа телото нема да бара пообилни оброци за да се засити. Логиката укажува дека со споредување на цените врз основа на хранливата вредност наместо износот, купувачите можат да потрошат ист, ако не и помал изноз при купување на органска храна,
Исто така, органската храна содржи помалку пестициди. Истражувачите откриле дека кај обичната храна постои три до четири пати поголема веројатност да содржи остатоци од пестициди. Студијата покажа дека:
„Културите кои се одгледуваат на органски фарми, понекогаш содржат остатоци од пестициди, но нивоата на пестициди се обично 10 пати до 100 пати пониски, отколку кај обичните“.
Истражувачите исто така откриле и пониски нивоа на тешки метали – кадмиум и пониски нивоа на азот, кои се опасни за здравјето на луѓето. Кадмиумот, кој исто така е присутен во чадот од цигарите, може да предизвика оштетување на црниот дроб, бубрезите и ги нарушува телесните функции на органите. Истражувачите не беа во можност да објаснат зошто има пониски нивоа на овие токсични состојки во органската храна, но се шпекулира дека со употребата на глифосат може да се спречи навлегувањето на тешките метали во градинарските култури.
Врз основа на истражувањето, изборот помеѓу органската и конвенционалната храна е прилично лесен. Органската храна е далеку похранлива и поздрава опција.Студијата ги опфати постоечките истражувања кои се фокусирале на



