Научниците се блиску до создавањето на вештачка крв!

Ова може да ви звучи како изјава од некоја ТВ серија или филм, но ве уверуваме дека е вистина! Ова е обид да се реконструира човечкото тело, како што претходно таквата идеја се изроди со појавата на 3D печатената технологија. Само да напоменеме дека 3Д печатената протетика е најновиот придонес во медицината, кој се движи во таа насока.Главниот истражувач, Марк Тарнер и неговиот тим се користат со посебна техника за производство на црвени крвни зрнца кои би биле погодни за трансфузија. Црвените крвни зрнца се вадат и се образуваат од земените примероци на матични клетки. Овие клетки потоа се оставаат да созреат во вештачки создадена биохемиска животна средина, која ги има истите услови како и човековото тело. 
Тестирањата моментално се вршат на тројца пациенти кои боледуваат од таласемија, а ќе траат кон крајот на 2016 година. Потоа ќе следи детално испитување на вештачките клетки кои ќе се произведат за време на тој период.
За овој вид на О крв се смета дека целосно е ослободена од болести и дека е погодна за сите видови на пациенти.
Додека траат испитувањата нам ни останува да видиме дали донаторите на крв во иднина ќе можат да се заменат со вештачки средства за донирање.Главниот истражувач, Марк Тарнер и неговиот тим се користат со посебна техника за производство на црвени крвни зрнца кои би биле погодни за трансфу

Пронајдете не на следниве мрежи: