Научниците штотуку ви ја дадоа најдобрата можна причина да навалите на благо!

Сега имате уште еден изговор да ја откачите диетата и да им се фрлите на превкусните благи! Научниците со истражување заклучиле дека луѓето кои постојано се воздржуваат  и кои се многу дисциплинирани имаат проблем со помнењето- па вие видете, дали повеќе сакате да имате сало или деменција?!Шала на страна- Тобијас Егнер, невропсихијатар од универзитетот Дјук заклучил дека луѓето кои пречесто се воздржуваат од примамливите работи имаат проблеми со делот од мозокот кој го контролира помнењето и одржување на вниманието.
Резлтатите се објавени во стручното списание „Journal of Neuroscience“, и научниците сметаат дека со понатамошни истражувања во ова подрачје би можеле да дојдат до решение на многу пореметувања, како што е хиперактивното пореметување и разни други зависности.
На испитаниците им било дадено да гледаат видео на кое се менувале лица, и им било кажано да притиснат дугме доколку лицето е машко, а доколку е женско да не го притискаат дугмето. Имало вкупно 120 лица. Потоа им бил даден пет минутен одмор, а потоа задача изненадување- научниците им пуштиле низа различни лица, и им било кажано да се потсетат дали се тоа лицата од првобитната низа.
Резултатот покажал дека сите испитаници полесно се сеќаваат на машките лица, значи оние за кои стискале на дугмето, отколку женските. Научниците велат дека причината за тоа е фактот дека воздржувањето влијае негативно на помнењето.
Со понатамошно испитување и скенирање на мозокот потврдена е оваа теорија. Експертите сега сметаат  дека ова може да доведе до проблем со помнењето, и дека луѓето кои постојано се воздржуваат и тренираат дисциплина можат подоцна да развијат проблеми со помнењњто.
Навалете- подобро еден мафин отколку демнција!Шала на страна- Тобијас Егнер, невропсихијатар од универзитетот Дјук заклучил дека луѓето кои пречесто се воздржуваат од примамливите работи имаат

Пронајдете не на следниве мрежи: