Некои од врвните научници во светот објавиле до сега најопфатна проценка за климатските промени, предупердувајќи на „неповратните и сериозните последици“, пренесува „USA Today“.Она што е ново во истражувањето е дека луѓето и емисиите на штетните гасови се виновни за климатските промени со дури 95 проценти.
„Атмосферата и океаните се загреани, снегот и мразот исчезнуваат, а нивото на морињата се крева“, се наведува во истражувањето.
Стотици научници од 80 земји се собрале во Копенхаген да учествуваат на Панелот ОН за климатските промени.
Нивните проценки се случуваат кога Земјата ја бележи најврелата година од било кога, како и највисокото нивона јаглен диоксид во атмосферата во последните 800.000 години.
„Новиот извештај е уште еден повик за будење на светската заедница, дека мораме да делуваме заедно, брзо и агресивно за да ги сперчиме климатските промени и да ги избегнеме нивните најлоши последици“, рекол Џон Холдрен, директор на Оделението за Наука и технологија во Белата куќа.
„Ризиците се јасни. Политичарите можат драматично да ја намалат емисијата на штетни гасови или својата кариера да ја поминат трчајќи од една до друга климатска катастрофа“, навел Олден Мејер од Унијата на загрижени научници.
Новиот извештај ќе биде клучен документ кој ќе биде користен на климатскиот самит во Париз следната година. Извештајот од Копенхаген е пета проценка на Климатскиот панел на ОН, анализа во која се вклучени 30.000 студии поврзани со глобалното затоплување.Она што е ново во истражувањето е дека луѓето и емисиите на штетните гасови се виновни за климатските промени со дури 95 проценти.
&b



