-Започна да се подмладува организмот на старите глувци во кој беше вбризгана крв од младенчиња, открија научниците на Харвард и Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско. Тие се надеваат дека ова откритие ќе отвори нови перспективи кога станува збор за лекување на заболувања, како што се деменцијата и Алцхајмеровата болест.Револуција
Кај глувците на кои им беше вбризгана крв од младенчињата се појави зголемување на силата, издржливоста, меморијата и интелектуалните капацитети. Експериментите беа правени со глувци кои (пресметано во човечки години) биле поделени на 60-годишни и 20-годишни.
Зад процесот на подмладувањето стои протеин кој е познат по називот ГДФ11, кој го има и во човековата крв. Концентрацијата на овој протеин се намалува со стареењето на единката, а тој е еден од главните причинители за општото пропаѓање на организмот во староста.
– Многу сум возбуден. Ова откритие може да го смени светот, вели Рудолф Танци, професор по неврологија на Харвард.
Опасност
За да не биде баш се` идеално, група научници излегоа со предупредување дека ваквата процедура кај луѓето би довела до зголемен ризик од малигни заболувања.
– Сосема е можно ваквата терапија драматично да ја зголеми шансата некој да добие рак, рече Ирина Конбој, професор по биоинжинеринг на Универзитетот Калифорнија.
Ова истражување ги потврди „празноверијата“ дека крвта на младите луѓе поседува супстанци кои би можеле да ги подмладат постарите луѓе. Во педесеттите години од минатиот век, научниците ги поврзувале крвните садови на младите и старите стаорци. Но, кога животните загинале, тие утврдиле дека телата на постарите стаорци се подмладиле.
Матични клетки
Подоцна стана познато дека матичнните клетки се клучни за одржување на виталноста на органите. Научниците долго мислеле дека кај старите луѓе нема доволно матични клетки кои би можеле да ја поправат штетата. Кон почетокот на 21. век е откриено дека има доволно матични клетки, но дека тие веќе не добиваат соодветни сигнали кои би им кажале кога треба да се активираат.
Револуција
Кај глувците на кои им беше вбризгана крв од младенчињата се појави зголемување на силата, издржливоста, мемори



