Истражувачите откриле нов вид земјотреси во Јужна Калифорнија, кои се случуваат многу подлабоко од очекуваното – повеќе од 24 километри длабочина, соопштува Science Alert.Слабите потреси потекнуваат десетици километри длабочина под земја, по должината на пукнатините Њупорт-Инглвуд (Newport-Inglewood) блиску до Лонг Бич, Калифорнија.
Овој нов вид на земјотрес не може да биде откриен од традиционалните сеизмички сензори и има потенцијал да создаде потреси многу погубни отколку што порано се прогнозираше.
Досега се сметаше дека земјотресите се случуваат во горната половина на Земјината кора, каде во континенталните плочи се акумулира напон преку притисок и триење една од друга. Таму, од каде што се произведуваат регистрираните земјотреси во јужниот дел на Калифорнија, на длабочина од околу 19 до 24 километри, би требало да почне тресење на земјата, која е толку жешка, што карпите се течни со текстура на бакар и која не би можела да создаде сеизмички напон.
Карпите на оваа длабочина треба да се премногу топли и меки за да се судрат и кршат – клучен механизам што предизвикува земјотреси. Некој непознат процес треба да игра улога во основата на фрактурата, која го прави овој нов вид земјотрес можен, вели коавторот на студијата Асаф Инбал кој е професор по сеизмологија во Калифорнискиот институт за технологија.
Пукнатините Њупорт-Инглвуд е местото каде што се случи катастрофалниот земјотрес од 1933 година со јачина од 6,3 степени, при што беа убиени околу 115 лица во реонот на Лонг Бич. Пукнатините Њупорт-Инглвуд лежат на границата каде две плочи на Земјината кора се тријат една во друга.
Сеизмометрите ја набљудуваат фрактурата, но невообичаените длабоки потреси обично се премногу слаби за да бидат слушнати.
Но, со помош на најмоќните сеизмички сензори, тим од Калифорнискиот институт за технологија во Пасадена откри слаби земјотреси што се случуваат по целата линија Њупорт-Инглвуд подлабоко од 24 км (15 милји), по целиот пат во горниот дел на земјината кора – претставувајќи целосно нов тип земјотрес.
Инбал и неговиот тим анализирале податоци од истражувањето кое траеше шест месеци во 2011 година, од околу 5300 сеизмометри во регионот, една од најпознатите цврсти мрежи, наредени на слични пукнатини.
Комбинирани се податоци со информации од други помали студии од 2013 година. Истражувачите откриле дека најдлабоките новооткриени потреси доаѓаат од горната кора на Земјата на длабочина повеќе од 30 километри – далеку под вообичаената сеизмички активна зона на фрактури.
На такви длабочини карпите треба да се топат кога се под влијание на високи температури, а не да акумулираат притисок и да предизвикуваат потреси. Едно од можните објаснувања е дека течната супстанција на горниот слој се влева во фрактурите и обезбедува извор на висок притисок, кој се шири од длабочината на сеизмичката активност, сугерираат научниците.
Потребни се уште набљудувања за да утврдат дали ова објаснување има основа.Слабите потреси потекнуваат десетици километри длабочина под земја, по должината на пукнатините Њупорт-Инглвуд (Newport-Inglewood) блиску до Лонг Б