„Вашата мачка е машина за убивање, а за тоа не сте ни свесни“, тврди Питер Мара, еден од авторите на книгата „Војна на мачките: Разорните последици на поседување галеник-убиец“, кој е научник на институтот Смитсониан, каде е раководител на центарот за птици преселници.Авторите на книгата Питер Мара и Крис Сантел тврдат дека мачките шират болести и дека не треба да се пуштаат надвор од дома. А во еден момент, авторот изнесува и прилично контроверзна идеја: Мачките треба да бидат убиени, бидејќи се виновни за изумирање на многу животински видови.
Можеби звучи лудо, но постојат и други кои ја бранат оваа идеја, како на пример познатиот американски писател Џонатан Френзен, кој го напиша педговорот за неговата книга, во кој вели дека веќе долго води војна против овие животни, кои ги нарекува штетни по се околу себе, а посебно за птиците кои тој ги обожува.
Сепак, ретко кој до сега отишол толку далеку како авторите на „Војна на мачките“, кои ја прогласија смртта за решение на проблемот што мачките го претставуваат за светот.
Љубителите на мачки не се воодушевени од книгата, иако не ја ни прочитале. Па така, на интернет страницата Амазон, на која се продава книгата може да се видат бројни негативни рецензии.
По тој повод, Питер дава изјава и за новинарите:
„Воопшто не е точно. Јас ги сакам мачките. Тие дури и чувствуваат некоја чудна наклонетост кон мене и секогаш ми доаѓаат. Сопственик сум на мачка. Се залагам за хумано постапување со мачките“, вели тој, иако во книгата наведува дека треба да се ослободиме од мачките „со сите расположиви средства“.
Тој додава дека мачките имаат огромно влијание на разновидноста на животните, и напоменува дека се виновни за изумирањето на повеќе видови, а освен тоа шират и болести кои предизвикуваат сериозни психолошки заболувања.
„Мојата мачка има 13 години и само еден заб. Таа не убива животни, но морате да запомните дека мачката може да излезе на улица и да ја удри автомобил, или да ја убие куче. Сопствениците мораат да бидат свесни дека пуштањето на мачките надвор не влијае само на природата, туку може да биде погубно и за самата мачка“, вели Мара.Авторите на книгата Питер Мара и Крис Сантел тврдат дека мачките шират болести и дека не треба да се пуштаат надвор од дома. А во еден момент, авто