Научник тврди дека развил безопасен третман кој ги убива туморите за само два часа!

Професор по биологија тврди  дека развил нова техника  со  која можат да се убијат туморите за само два часа и која е потполно безопасна за пациентите.Оваа неверојатна техника  не е инвазивна и вклучува  само една инекција и  сноп светло, а од посебна корист ќе им биде на пациентите кои имаат неизлечливи и тумори  тешки за операција.
Професорот по  биологија метју Гдовин од Универзитетот во  Сан Антонио го  тестирал својот патентиран метод против  тројно  негативен рак на дојката, најагресивниот вид на рак кој  воедно  е и  најтежок за лечење.
Во  експерименти на глувци  успеал да го спречи растот на тумори и  да ги дуплира шансите за преживување  по само еден третман во лабораторија.
Новиот третман вклучува  вбризгување на хемикалијата нитробензалдехид во туморот и  неговото разложување во  ткивото.
Професорот Гдовин потоа насочува сноп ултравиолетово светло кон канцерогените клетки што  доведува до тоа тие да станат многу кисели.

 
Тој  тврди дека два часа по третманот скоро 95 проценти од „стреланите“ клетки на ракот биле мртви.
„Иако постојат броји видови на рак, сите тие се подложни на овој третман. Сите облици  на рак се обидуваат да направат надворешата средина да биде кисела за да привлечат  внимание на крвните садови кои  се обидуваат да се ослободат од таа киселост. Наместо тоа. Ракот се врзува за нив за туморот да стане уште поголем“, објаснува Гдовин.
Хемотерапијата ги таргетира сите клетки во  телото и  тоа доведува мачниа и  губење на косата кај пациентите. Методот на професорот Гдовин е значајно попрецизен и влијае само на туморот.
Во  последните две години тој  својата „фотодинамична“ терапија ја развил до  точка кога таа не е инвазивна и сега ја тестира на облиците на рак кои  се отпорни на лекови.Оваа неверојатна техника  не е инвазивна и вклучува  само една инекција и  сноп светло, а од посебна корист ќе им биде на пациентите

Пронајдете не на следниве мрежи: