Научно-фантастични факти кои станаа научни факти во 2012 година – II дел

Можно е никогаш да немаме летечки автомобил, но иднината е веќе присутна. Од создавањето на целосните фукнционали вештачки лисја, за хакирање на човечкиот мозок, произлегоа многу нови откритија во 2012 година. Во вчерашниот прв дел од текстот можевте да прочитате за дел од Научно- фантастичните факти кои станаа научни факти во 2012 година. Во денешниот втор дел ќе ви ги прикажаме преостанатите интересни научни факти кои ја одбележаа 2012 година. 9.Непријателски планети лебдат низ вселената
До 2012 година,научниците знаеја за планети кои орбитираа околу ѕвезда, но тогаш се дозна за CFBDSIR2149. Со 4 до 7 пати поголема маса од Јупитер, тоа е првиот слободен лебдечки објект, кој беше официјално дефиниран како екстрасоларна планета и кој не претставува кафеаво “џуџе”. – sciencenews.org
10.Мајмуните химера се создадени од повеќе ембриони
Додека сите донаторски клетки се од мајмуните резус, истражувачите искомбинираа до 6 различни ембриони во 3 бебиња мајмуни. Според д-р Миталипов: “ Клетките никогаш не се фузираат, но ќе останат заедно и ќе останат заедно за да формираат ткива и органи.” Видовите химера се користат со цел да се разбере улогата на специфичните гени во ембрионалниот развој и може да доведат до подобро разбирање на генетската мутација кај луѓето. – bbc.co.uk
11. Преку Гугл очилата, интернетот е присутен насекаде
Скоро секој го има видено видеото за визијата на Гугл за иднината. Со нивните очила, секојдневниот живот е дополнет со HUD( Head's Up Display). Контролирани од комбинација на контрола на гласот и погледот на корисникот, очилата покажуваат релевантни информации ,може да се сурфа на Интернет или да се јавите на некој сакан. – heraldsun.com.au

12. Откриена е планета со форма на дијамант
Екстрасоларна планета од дијаманти е октриена во 2012 година од страна на меѓународен истражувачки тим. Околу 5 пати поголема површина од планетата на Земјата, планетата има сличен изглед на Јупитер. Научниците веруваат дека краткото растојание од нејзината ѕвезда, заедно со екстрасоларната тежина, ја прават оваа планета, остаток од друга ѕвезда, е составена од главно кристален јаглерод. – io9.com
13. Очните импланти им го враќаат видот на слепите
Двајца слепи во Велика Британија беа опремени со очни импланти за време на осумчасовната операција со ветувачки резултати. По неколку години на слепило, на двајцата делумно им се поврати видот за неколку недели,а докторите очекуваат континуирано подобрување. – telegraph.co.uk
14. Човечкиот мозок е хакиран
Unisex Security тимот од истражувачи, со користење на технологијата off the shelf покаже колку човечкиот мозок е ранлив. Со ЕЕГ слушалките, прикачени за главата и софтвер за да се дознае што невроните се обидуваат да сторат, се гледа во во мозочната активност кога корисникот препознава нешто како впишување пин број на банкомат или лицето наедно дете. – extremetech.com
15. Откриена е првата планета со 4 сонца
Откриена од аматерски астрономи, планетата тесно орбитира околу пар ѕвезди, кои орбитираат околу друг збир на подалечни ѕвезди. Таа е со приближна големина на Нептун, па научниците сеуште се обидуваат да откријат како планетата избегна да се распарчи од гравитационата сила на многуте ѕвезди. – io9.com
Извор: Buzz Feed9.Непријателски планети лебдат низ вселената
До 2012 година,научниците знаеја за планети кои орбитираа околу ѕвезда, но то

Пронајдете не на следниве мрежи: