Науката конечно со одговор: Дали треба да влегувате дома со чевли?

Иако ви се чини дека ѓоновите ви се чисти, а времето надвор е убаво и суво, постојат силни аргументи зошто да не одите со чевли по дома (без разлика колку ви се допаѓаат).Истражувањето што го спроведоа научниците на Универзитетот во Аризона ја откри реалната слика што преовладува на ѓоновите на вашите чевли.
На само еден пар просечни чевли, пронајдени се дури 421 000 единици бактерии.
Меѓу нив е и Ешерихија коли, која предизвикува цревни и уринарни инфекции, менингитис и пролив; пронајдена е бактеријата Клебсиела пнеумониае, која е честа причина на инфекции. На дури 96% од испитаните чевли се пронајдени бактерии од измет.
Др. Чарлс Герби, микролог и професор објаснува: „Истражувањето покажа дека бактериите можат да се задржат на чевлите и по долго време откако се контаминирани“.
Затоа, не бидете мрзеливи и соблекувајте ги чевлите пред да влезете во просторот во кој живеете, а од време на време измијте ги ѓоновите со благ раствор со детергент.Истражувањето што го спроведоа научниците на Универзитетот во Аризона ја откри реалната слика што преовладува на ѓоновите на вашите чевли.

Пронајдете не на следниве мрежи: