По повод претстојниот музички концерт на македонската легенда Наум Петрески, кој ќе се одржи на 22 Април 2017, во Метрополис Арена, со почеток во 20 часот, вчера пејачот ја почна својата промотивна кампања, со првата дружба со новинарите од охридско- струшкиот регион, во чест на неговото потекло и родно место.Посебна чест му причини и дружењето со неговите колеги Петар Нечовски, Мишко Србиноски Микеле, Ѓоко Танески, со кого ќе отпее дует на концертот, Ташко Каранфиловски, Зоран Далчески и младиот кларинетист Владо Пупиноски, кој живее во Америка.
Наум од Охрид официјално ја покани својата публика и истакна дека овој настан со кој ќе го одбележува својот редок и значаен 30 годишен јубилеј, го посветува на Македонија, и на својата публика.
-„Од „Има ли песна“ до „Грло ненапеано“, не делат 30 години, а помеѓу нив многу хитови, кои сакам заедно да ги запееме на 22. Април, да се вратиме во времето, да се потсетиме, да ни затреперат емоциите, срцата, а мене и гласот. Сакам заедно да ја почувствуваме сласта на моите стари, но и на новите песни. Концертот со организираме со љубов, како еден подарок од мене за Македонија, затоа Ве поканувам да дојдете, истакна Петрески.
Тој додаде дека како „езерско дете“, штом ја здогледа езерската вода добива сила, и токму затоа во пресрет на јубилејот тргнува од неговата Струга и од Охрид, каде неодамна сними и спот за една од своите нови песни.
Од продуцијата под чија закрија ги доживува овој ѕвезден јубилеј, „Авард промотион“, нагласуваат овој пат профитот е изоставен, во чест на јубијелот и публиката, а влезниците изнесуваат по неопходно мининална цена од 350 денари, само колку да се покријат техничките и сценски трошоци, а секој посетител на концертот ќе добие и подарок, новото цеде „Грло ненапеано“. Се подготвуваат и многу технички изненадувања на сцена.
Од „Авард промотион“ се убедени дека токму овој албум, кој е уникатно музичко издание со софистицирани и квалитетни новосоздадени македонски народни песни (14 нови и една преработна на хрватска песна), во комбинација со гласот на Петрески, звучат совршено и неповторливо. Со ние, пејачот, допрва ќе ги освои сетилата на слушателите, и ќе разнежнува чувства и емоции.
Албумот е круна на неговата 30 годишна кариера, а покрај новите песни, според програмата на концертот, ќе ги испее и своите антологиски евергрини, придружен од дваесеттина врвни музичари на народен оркестар.
Ќе настапат и музички гости- Meрима Његомир, Виолета Томовска, Зуица Лазова, Румјана Попова,Димитар Димитров- Градевец, Ѓоко Танески, Јоце Панов и други.
-Искрено се надеваме дека на 22 април, заедно ќе ја уживаме убавината, и ќе ја слушаме македонската песна излеана од кадифениот глас на Петрески, ќе паметиме една незаборавна музичка ноќ, истакнуваат од „Авард промотион“.Посебна чест му причини и дружењето со неговите колеги Петар Нечовски, Мишко Србиноски Микеле, Ѓоко Танески, со кого ќе отпее дует на концертот, Та