Утринава во поголемиот дел од земјата времето е ведро и претежно тивко. Вдолж Повардарието и во дел од котлините има магла. Во Гевгелиско и во Крива Паланка дува слаб до повремено умерен северозападен ветер.Утрово поинтензивна магла е забележана во Скопје, Тетово, Штип, Демир Капија, а намалена видливост има во Струмица и во делови од Пелагонија, информираат од УХМР.
На повисоките места времето е сончево и релативно топло со мала облачност. Наутро и претпладне по котлините и особено вдолж Повардарието ќе има магла. Ќе дува слаб, долж Повардарието повремено умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а во местата со магла од 5 до 9° C.
Во Скопје претпладне со магла и претежно тивко. Во попладневните часови ќе дува малку поизразен северен ветер и во делови од котлината ќе има сончеви периоди. Температурата ќе достигне до 8 степени.
Утре на повисоките места ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност, по котлините магливо, во пладневните часови маглата ќе биде послаба.
Во наредните денови и понатаму ќе се задржи стабилно и суво време, по одделни котлини ќе има појава на магла, особено во утринските часови. Дневните температури во југоисточните делови и на повисоките места ќе бидат релативно високи за овој период од годината.
Утре и кон крајот на работната недела на места ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе ги намали условите за појава на магла.Утрово поинтензивна магла е забележана во Скопје, Тетово, Штип, Демир Капија, а намалена видливост има во Струмица и во делови од Пелагонија, инфор