НАВИСТИНА корисни совети за слабеење!

Ќе бидете мотивирани откако ќе ги прочитате советите!Слабеењето е ташка работа. Понекогаш ви треба малу мотивација. Прочитајте ги корисните совети:
1. Започнете полека
Почнете да џогирате секој ден по 15 минути. По некој период, зголемете го времетраењето на 30 минути. Потоа пак. Нека биде постепено.
2. Јадете повеќе зеленчук и овошје
Намалете ја количината на нездравата храна. Избегнувајте ги омилените хамбургери, пржени компирчиња и пици. Јадете многу салата и свежо овошје.
3. Намалете ги газираните сокови
Направете пауза од газираните сокови и оние наводно природни сокови. Тие се полни со адитиви и шеќери. Наместо тоа цедете сокови од природно овошје и не додавајте шеќер.
4. Пијте многу вода
Нека ви стане секојдневна навика! Пијте бар две литри вода секој ден!

5. Пијте чаеви
Заборавете малку на кафето. Пијте чаеви. Зелениот чај е одличен за детоксификација и притоа помага во слабеењето. Пијте го без шеќер.
6. Вежбајте
Освен џогирањето, зафатете се и со некоја друга спортска активност. Започнете полека, а потоа зголемете го тренингот. Не се откажувајте, ако не забележите веднаш резултати. Продолжете, тие се неизбежни.
7. Заборавете на чипсовите
Заменете ги чипсовите, смоките, соленките и сите нездрави грицки со јаткасти плодови. Јадете многу бадеми, ореви, лешници, кикирики. Тие се добри за здравјето и ќе ви помогнат во слабеењето.Слабеењето е ташка работа. Понекогаш ви треба малу мотивација. Прочитајте ги корисните совети:
1. Започнете полека

Пронајдете не на следниве мрежи: