Навивач втрча на теренот за време на премиерлигашкиот дуел помеѓу Вест Хем и Тотенхем и изведе слободен удар, пред да биде избркан од обезбедувањето на „Аптон Парк“ во Лондон. Навивачот ја искористи паузата додека играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен, се подготвуваше да го изведе слободниот удар непосредно надвор од шеснаесетникот на Вест Хем. Тој шутна над живиот ѕид на „чеканите“ и топката ќе завршеше во мрежата ако не интервенираше голманот Адријан. Навивачот продолжи да трча, а зад него трчаше и еден припадник на обезбедувањето.
На крајот, испадна дека навивачот подобро го изведе слободниот удар откако шутот на Ериксен заврши над голот. Тотенхем победи со 1:0.
Навивачот ја искористи паузата додека играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен, се подготвуваше да го изведе слободниот удар непосред
Пронајдете не на следниве мрежи: