Навивачите на Рома гневни, во јавноста излегоа тајни идеи на раководството на Рома

Интересен настан се случи во Рим откако при една изјава за радио преку телефон, генералниот менаџер на Рома, Фенучи, заборавил да ја спушти слушалката па така излегле на виделина многу тајни на раководството на Рома.
Имено, генералниот менаџер на Рома, Фенучи, давајќи интервју за едно радио во Рим, откако завршило интервјуто заборавил да ја спушти слушалката, па така новинарите од ова радио продолжиле да слушаат што тој зборува со директорот Сабатини.
Рома се заканува со тужба, но од радиото велат дека сево ова се случило по негова вина.
Фенучи инаку му кажал на Сабатини дека Освалдо би можел да биде продаден или на Сити или на Саутемптон.
Понатаму, Фенучи ја открива цената за Маркињос, Барселона би можела да плати 25 милиони евра, иако од таборот на екипата на Рома тврдеа дека овој фудбалер не е за продажба.
И, најболниот момент за навивачите на Рома, моментот кога генералниот менаџер на Рома вели дека би можел да го продаде легендарниот фудбалер на овој тим, Де Роси.Интересен настан се случи во Рим откако при една изјава за радио преку телефон, генералниот менаџер на Рома, Фенучи, з

Пронајдете не на следниве мрежи: