НБА: Победи на Лејкерси, Оклахома, Мајами, СА…

Девет натпревари се одиграа во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, во НБА лигата, во нив победи забележаа ЛА Лејкерси, Оклахома, Мајами и Сан Антонио.Коби Брајант го доби дуелот со Дирк Новицки, а неговите Лејкерски победија во Далас со 103:99. Коби во третата последовна победа која ’езерџиите’ ја забележаа на гостински терен имаше учинок од 37 поени, 12 скокови и седум асистенции, најдобриот играч на Лејкерси, на оваа средба стана само петтиот играч во историјата на НБА лигата кој во кариерата постигнал преку 31.000 поени. Дирк Новицки на другата страна имаше двоен ефект од 30 поени и 13 скокови.Мајами со пресврт во последните пет минути стигна до победата над Кливленд со 109:105 и ја забележа 11-та победа во низа. Леброн Џејмс против својот поранешен тим постигна 28 поени. Џејмс кој во летото 2010 година се пресели од Кливленд во Мајами, против својот поранешен тим има скор 8-1.Оклахома убедливо го порази Чикаго со 102:72, во натпревар во кој Булси погодија само 29 отсто од ударите од поле. Расел Вестбрук со 23 поени, односно Кевин Дурент со 19 поени и 16 скокови ја предводеа Оклахома до победата.Сан Антонио без својот најдобар играч Тони Паркер извојуваа победа на Феникс со 97:87. кавај Леонард и Пети Милс со по 16 поени беа најефикасни играчи во редовите на Сан Антонио. Полскиот интернационалец Марчин Гортат со 21 поен и 12 скокови го предводеше Феникс.Голден Стејт во неизвесен натпревар на гостински терен ја совлада Минесота со 100:99. Џарет Џек со 23 и Дејвид Ли со 22 поени и 13 скокови беа творци на победата на екипата од Оукленд.Њу Орлеанс го победи Сакраменто со 110:95, Мемфис го порази Бруклин со 76:72, Портланд беше подобар од Бостон со 92:86, а Њујорк славеше над Филаделфија со 99:93.
МакфаксДевет натпревари се одиграа во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, во НБА лигата, во нив победи забележаа ЛА Лејкерс

Пронајдете не на следниве мрежи: