Каматната стапка на благајничките записи останува на ниво од 4 проценти. Монетарната поставеност е соодветна. Економската активност во вториот квартал продолжи да расте со слично темпо како петходниот квартал, кој е пак понизок од очекуваниот раст, а поради понискиот раст на бруто инвестициите во однос проектираниот. Девизните резерви во август забележаа зголемување. Раст има и кај депозитите и кредитите на населението, а намалување на кредитите на корпоративниот сектор.Ова го констатира Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на седница одржана вчера на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.
– Објавените податоци за БДП за првата половина од годината се пониски од очекувањата со априлската проекција, што упатува на потенцијално надолно отстапување на проектираниот економски раст за целата 2016 година, наведуваат во соопштението од НБРМ.
Инфлациските остварувања, според Комитетот, засега упатуваат на пониска инфлација од проектираната, а ризиците околу проекцијата и понатаму се поврзани со променливоста на очекувањата за промените на светските цени на енергијата и храната.
На девизниот пазар во август продолжија поволните сезонски движења, така што втор месец по ред банките во трансакциите со клиентите забележале нето-откуп на девизи. Во споредба со истиот месец 2015 година, движењата во август се значително подобри при висок раст на понудата од страна на менувачниците и фирмите, којашто целосно го надомести умерениот раст на побарувачката за девизи од фирмите. Во трансакциите со физички лица продолжи стабилизирањето на движењата кај побарувачката, а истовремено е забележан раст на понудата на девизи од физичките лица, поради што банките остварија релативно висок нето-откуп со овие клиенти и во август. Во услови на подобрување на девизната ликвидност на банките, се задржа високата понуда на девизи на меѓубанкарскиот девизен пазар. Во такви околности, Народната банка интервенираше со откуп на девизи од банките поддржувачи во износ од 49,3 милиони евра во август. Со тоа, заедно со интервенциите во последната недела од јули, вкупните интервенции на Народната банка во летниот период, заклучно со почетокот на септември, изнесуваат 68,8 милиони евра и надоместија повеќе од половината на средствата продадени во периодот на шпекулативниот напад на девизниот курс оваа година. Високата девизна ликвидност во август овозможи банките да пласираат позначителен износ на девизни депозити на подолг рок (6 и 12 месеци), по позитивни стапки, кај Народната банка.
Нивото на девизните резерви во август забележале значително зголемување и се движат во сигурна зона. Трговскиот дефицит е помал од очекуваниот и нето-откуп на менувачкиот пазар, како показател за приватните трансфери, во рамки на очекувањата.
Откупот на девизи преку интервенциите на Народната банка и во август овозможија зголемување на денарската ликвидност на банкарскиот систем. Дополнително зголемување на ликвидноста имаше и под влијание на готовите пари во оптек, коишто по достигнувањето на максималното ниво на почетокот на август, во остатокот од месецот се намалуваа и на тој начин придонесоа за раст на ликвидноста на банките, кои го пласираа во расположливи депозити кај Народната банка, коишто го достигнаа преткризното ниво.
Првичните податоци за август покажуваат понатамошен раст на депозитите на населението, а голем придонес кон растот на вкупната депозитна база во овој месец имаа депозитите на корпоративниот сектор. И покрај високиот месечен раст на депозитите во август, заради досегашните послаби остварувања, нивото на депозитите и понатаму е пониско од проектираното. Податоците за кредитниот пазар за август покажуваат речиси непроменето ниво на вкупните кредити на приватниот сектор споредено со јули, при понатамошно месечно зголемување на кредитирањето на населението и месечно намалување на кредитирањето на корпоративниот сектор. Сепак, годишната стапка на раст на вкупните кредити е во склад со проекцијата, но со оглед на послабите остварувања кај депозитниот потенцијал и присутната неизвесност, постојат ризици околу динамиката на кредитната активност во следниот период.
Економските и финансиските услови, како и оцената на присутните ризици покажуваат дека постојната монетарна поставеност е соодветна. По преземените мерки од страна на НБРМ на почетокот на мај, последните податоци покажуваат значително стабилизирање на движењата што би требало да продолжи и во наредниот период. Сепак, неизвесноста поврзана со домашните политички случувања и со глобалното окружување е сѐ уште присутна и дополнително нагласена по гласањето на Обединетото Кралство за излез од Европската Унија. НБРМ најавува дека и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на законските цели.Ова го констатира Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на седница одржана вчера на