недела, 29 ноември 2026
Најново

НБРМ пушти во оптек кована пара за колекционерски цели со „Мајка Тереза“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Народната банка на Република Македонија пушти во оптек кована пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“.На аверсот на ковата пара во централниот дел е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во централниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани украси во форма на крстови и срца. Во долниот дел од левата страна е претставен цвет од повитот „Мајка Тереза“ („Matka Teresa“), одгледуван од страна на г. Стефан Франчак, полски језуитски монах. На десната страна се прикажани датумите „1910 ‒ 1997“ (годините на раѓање и на умирање на Мајка Тереза) и „2016“ (годината на нејзината канонизација). Исто така, прикажано е латинското име „Sancta Teresia de Calcutta“ (света Тереза од Калкута), како и името на Мајка Тереза, на македонски и на албански јазик.
Кованата пара е изработена од сребро Ag925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто од 26,16 г и во кружна форма со димензија 38,61 мм. Цената на кованата пара „Мајка Тереза“ изнесува 3.500,00 денари.
Народната банка ја издава оваа кована пара по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица предвидено за септември оваа година.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.На аверсот на ковата пара во централниот дел е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината

Поврзани вести