Светската манекенка и поранешен ангел на Викторија сикрет Тајра Бенкс (41), смета дека е во ред да има недостатоци на нејзиното тело.Поради тоа, таа одлучи на нејзините обожаватели да им го покаже вистинското лице.
Тајра широко ги отвори очите и позираше без шминка. Гордо го покажа неизедначениот тен и големите подочници.
-Утринава одлучив да ви го покажам своето вистинско лице. Очајно сакав да ги сокријам подочниците, но одлучно реков: „Не, покажи се таква каква што си“. Така што… еве ме. А ете ве и вас, гледате во мене и ја проучувате оваа фотографија. Можеби мислите: „Ау, таа изгледа грубо“. Ако го мислите тоа, тогаш одлично. Заслуживте да видите како навистина изгледам, напишала манекенката под фотографијата која ја сподели со нејзините обожаватели на Инстаграм.
Оваа фотографија е уште еден показател колку шминката може да го смени изгледот на жените.
Но, како и да е, треба да ѝ се честита за храброста:
Tyra Banks shows off her natural beauty by posting pictures without a 'freakin' filter' https://t.co/ETP16soSPs pic.twitter.com/IX8YQavgG8
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) June 18, 2015
Поради тоа, таа одлучи на нејзините обожаватели да им го покаже вистинското лице.
Тајра широко ги отвори очите и позираше без шминка. Гордо