Сокот никогаш не може да биде замена за овошјето. Сокот никогаш не може да биде замена за овошјето, а кога станува збор за ефектите на здравјето ниеден напиток не е за препорака велат докторите.
Кога ќе испиете 250 милилитри од некој напиток, било да станува збор за овошен сок или пак за газиран пијалок, во организмот сигурно ќе внесете 30 грама или две лажички шеќер. Калориската вредност на овие производи, па дури и на пивото е иста и изнесува од 42 до 49 калории на 100 милилитри, а затоа што овој напиток нема ништо друго освен шеќери, лесно може да се пресмета каков ефект има на здравјето.
Иако трговците користат различни начини за да привлечат купувачи, и често истакнуваат дека некој производ содржи „100 % овошје“ тоа не е точно. Правилникот одредува дали во некој сок ќе има помалку или повеќе овошје, но независно од тоа, ниеден од тие сокови не е за препорака.
Од друга страна британската група „Акција против шеќери“ објави шокантни резултати, од акцијата спорведена во супермаркети. Па тие заклучиле дека до 203 контролирани сокови, напитоци и фрапеа, четвртина имале исто шеќери како Кока- Кола односо 10,6 грама на 100 милилитри напиток. Па токму поради ова настанува дебелеењето.
Во некои супермаркети дури се продаваат и сокови цедени од портокали, меѓутоа тоа не е замена за овошјето, затоа што со цедењето добар дел од овошјето се фрла. Се прави само концентрат од шеќери.
Докторите велат дека се исто е дали ќе пиете така наречена кола или пак овошен сок.
-А со консумирање на овие напитоци рака под рака оди дебелината.
Токму затоа, не смее да им се верува на голем дел од рекламните кампањи, најдобрите информации може да ги добиете од декларациите на производите.
На декларацијата има изразен број на калории и тоа на 100 милилитри. Погледнете го тој број кој е обично од 42 до 49 и поделете го со 4,1 калории.
Со тоа веднаш ќе сфатите колку калории внесувате. Сокот никогаш не може да биде замена за овошјето, а кога станува збор за ефектите на здравјето ниеден напиток не е за препорака велат докторите.



