Сите оние кои сакаат роденденски торти по овој текст никогаш нема да гледаат на тој десерт со исти очи.Тим научници од Универзитетот Клемсон во Јужна Каролина откриле дека за време на дувањето на роденденските свеќички, преку капките плунка се зголемува количината на бактерии на површината на тортата за дури 1.400 отсто.
Научниците пред почетокот на експериментот јаделе пица за да стимулираат вистинска роденденска забава и ги активирале своите жлезди за плунка, а потоа дувале свеќички.
Резултатите покажале дека тортите по овој традиционален ритуалан се полни со микроорганизми.
За да се избројат бактериите, тимот растворил примероци од тортата во стерилизирана вода, а потоа растворот е ставен на агар плоча.
На примероците на тортата се покажало дека една бактерија, откако ќе влезе во неа прави цели колонии на други бактерии.
Докторот Пол Досон, автор на истражувањето објаснил дека сепак оваа метода на броење на бактериите не е ефикасна, со оглед на тоа дека на агар плоча не може сите бактерии да се размножат.
Секое дување донело со себе различни видови на бактерии, а во една ситуација нивниот број пораснал за повеќе од 120 пати, што значи дека некои луѓе шират повеќе бактерии од другите.
Сепак, Донос истакнува дека нема причина за паника бидејќи секако човечката уста е преполна со бактерии од кои поголемиот дел не се опасни.
-Доколку дувањето свеќички на роденденската торта пренесуваше смртоносни болести, секако дека досега тоа ќе го дознаевме, бидејќи тоа во пракса е широко распростането, посебно меѓу децата, вели професорот.
Тој советува преладените луѓе да се воздржат од оваа пракса за да не ги заразат другите луѓе.Тим научници од Универзитетот Клемсон во Јужна Каролина откриле дека за време на дувањето на роденденските свеќички, преку капките плунка се зголем