Каква боја ќе ви бидат очите, зависи од комбинација на дури 12 до 13 гени – а освен тоа што влијаат врз бојата на очите, тие имаат и други улоги. Не се вели без причина дека очите се огледало на душата, но во буквална смисла – тие се огледало на здравјето, навиките и можностите.Според едно истражување, белите жени со светли очи (сини или зелени), подобро поднесуваат болка отколку жените со темни очи.
Истражувањето кое било спорведено на Универзитетот Питсбург и во кое биле опфатени 58 трудници, утврдило дека лицата со светли очи подобро ги поднесувале тегобите при породувањето и дека почуствувале помалку болки при породување.
Исто така, тие по породувањето почувствувале помала напнатост, имале помала стапка на постпородилна депресија и помал број негативни мисли.
Меланинот, освен што влијае на тоа колку очите ќе бидат темни, е и изолатор на електричните врски помеѓу мозочните клетки – повеќе меланин во мозокот и тој поефикасно и побрзо ќе функционира.
Слични резултати покажало и истражувањето на психологот Ентони Фалоне, од Универзитетот Единбург од 1991 година, кое било спроведено врз 100 волонтери. Имено, резултатите покажале дека студентите со потемни очи давале значително подобри резултати на тестовите по интелигенција кои биле временски ограничени.
И додека лицата со темни очи побрзо реагирале и подобро ги решавале тестовите, синооките личности се покажале како подобри во стратешко размислување. Така, најдобро им лежат спортовите: голф, крос и трчање.
Една единствена личност, која се родила со сини очи пред 6000 до 10000 години, е „виновна“ за сите синооки луѓе денес зашто, како што сметаат научниците од Универзитетот Копенхаген, луѓето порано имале кафени очи.
Тие сметаат дека сините очи се појавиле сосема случајно, а една од теориите тврди дека ладната клима и тмурното небо допринеле за нивно ширење.
Инаку, сините очи филтрираат помалку светлина поради што лицата со сини очи подобро гледаат кога сонцето е послабо, но имаат и поголем ризик да заболат од дијабетес тип 1, како и дека ќе имаат проблем со слухот…
Исто така, истражување на Унверитетот Џорџија во Атланта, спроведено врз повеќе од 12000 испитаници, открило дека лицата со посветли очи консумирале повеќе алкохол од оние со потемни очи. Според едно истражување, белите жени со светли очи (сини или зелени), подобро поднесуваат болка отколку жените со темни очи.
Истражувањето



