Новиот извршен директор на германскиот производител на луксузни автомобили BMW, Харалд Кругер се онесвести на бина за време на изложба на автомобили во Франкфурт.На Кругер му се слошило додека ги презентирал најновите модели на BMW на конференцијата за медиуми, а потоа му помогнале луѓето од обезбедувањето да се симне од бината.
„Останав без текст“, рекол портпаролот на BMW преку разглас.
Ова бил прв јавен настап за Кругер на така значајна изложба на автомобили.
Претставниците на германската компанија соопштиле дека Кругер на момент доживеал вртоглавица.
„Конференцијата за медиумите е откажана за Кругер да може да добие лекарска помош. Неговата состојба сега е стабилна и закрепнува“, навеле претстваниците на фирмата.
Наместо Кругер, на прашањата на новинарите подоцна одговарал главниот финансиски службеник BMW, Фридрих Ајцинер.На Кругер му се слошило додека ги презентирал најновите модели на BMW на конференцијата за медиуми, а потоа му помогнале луѓето од обезбедувањето д