“Не е важно колку учите, половина од човечката интелигенција се сведува на ова”

Научниците велат дека разликата во интелигенцијата ја прават гените со кои луѓето се раѓаат, но покрај генетиката, голема улога играат и факторите од околината која нè опкружува.“Не е важно колку учите, половина од човечката интелигенција се сведува на вашите гени”, тврдат научниците од универзитетот во Единбург. 
Тие велат дека разликата во интелигенцијата ја сочинуваат гените со кои луѓето се раѓаат, но дека покрај генетиката, голема улога играат и факторите од околината како: родителите, начинот на исхрана и живот и изложеноста на хемикалии во пренаталниот период.
Научниците утврдиле дека комбинацијата на ретки и вообичаени генетски варијанти прави барем половина разлика во интелигенцијата на луѓето. Научниците сега знаат за 52 гени кои се поврзани со интелигенцијата, од кои 40 биле релативно неодамна откриени.
Истражувањето на универзитетот во Амстердам довело до откритие на нови гени. Утврдено е дека многу луѓе со овие гени имаат и други заеднички особини, вклучувајќи го и тоа дека се високи, слаби и веројатно непушачи.
Тие, исто така, имаат помалку шанси да заболат од Алцхајмерова болест, депресија и шизофренија.“Не е важно колку учите, половина од човечката интелигенција се сведува на вашите гени”, тврдат научниците од универзитетот во Единбург

Пронајдете не на следниве мрежи: