Ако се најдете во кафуле со Wi-Fi конекција и на масата ќе забележите дека некој заборавил USB меморија, немојте да ја задоволувате вашата љубопитност и оставете го каде што е. Доколку потклекнете, можете да го изложите вашиот компјутер, мобилен телефон или таблет на ризик од интернет измама.Измамниците кои на секој начин се обидуваат да ги украдат вашите лозинки и на тој начин да добијат пристап до личните податоци, но и банкарските сметки, смислија нова тактика.
Се што треба да направите е да влезете во кафуле кој има бесплатен интернет пристап за сите гости. На некоја од масите ќе забележите заборавено USB и од чиста љубопитност ќе го ставите во вашиот компјутер или таблет за да проверите што има во него.
Грешка! Токму на човечката љубопитност сметаат хакерите кои и ви ја поставиле таа стапица. На USB уредот се наоѓа вирус со помош на кој тие ќе стигнат до вашите лозинки за е-мејл, социјалните мрежи, но и банкарски сметки преку кои, можеби, ги плаќате сметките.
Заклучок: Не допирајте ги заборавените USB-ија!Измамниците кои на секој начин се обидуваат да ги украдат вашите лозинки и на тој начин да добијат пристап до личните податоци, но и банкарските см