Не ги правете ОВИЕ грешки при готвењето на тестенини!

Ако сакате да уживате во добра чинија тестенини, подобро да ја направите како што треба.Добри шпагети подразбираат мазна, свиленкаста, и совршена текстура. За да го постигнете тоа, избегнете ги овие големи гревови во правењето тестенини. Вашиот труд ќе биде награден со прекрасна чинија во која вреди секој залак.
-Премало тенџере: Мало тенџере значи помалку вода, што значи водата зоврива побрзо, што пак значи дека храната побрзо ќе се најде на масата. Но, на шпагетите им треба многу вода и простор за да се зготват рамномерно. Ако ги ставите во мало тенџерче, ќе добиете полузготвени и залепени шпагети. Затоа, наполнете големо тенџере со вода и зовријте ја пред да ги додадете тестенините во неа.
-Несолена вода: Не би направиле манџа без сол. Затоа, немојте ни да ги правите шпагетите без сол. Додавањето сол во водата им дава на тестенините шанса да апсорбираат дел од неа и да има убав вкус, за разлика од непосолените тестенини со вкус на брашно. Додајте 1 или 2 лажички сол во тенџерето пред да ги додадете тестенините. Не грижете се, тие нема да апсорбираат повеќе од тоа што им е потребно.
-Додавање на масло во водата: Точно е дека така шпагетите помалку ќе се лепат. Но, пастата треба да биде малку леплива за сосот да се залепи на неа. Натопете ги шпагетите и се ќе падне од нив. Не е превкусно, нели?

-Следење на времето за приготвување напишано на пакувањето: Иако напишаното време начелно се смета за водич, немојте слепо да се приврзувате кон него. Особено, ако сакате поцврсти шпагети. Во таков случај, извадете ги неколку минути порано од напишаното. Ако не сте сигурни, извадете дел од водата и пробајте ги. Ако ви се чинат добри, тогаш готови се.
-Истурање на водата во мијалникот: Водата во која се вареле тестенините е погуста и леплива од обичната. Затоа, пред да ја фрлите, зачувајте барем еден филџан и сипете го во сосот што го додавате на тестенините. Така тој ќе биде покремест и подобро ќе се залепи на тестенините.
-Плакнење на тестенините по истурање на водата: Кога ги плакнете шпагетите, тие стануваат лепливи и сосот нема добро да се соедини со нив. За да го решите овој проблем, само ставете ги шпагетите во сосот веднаш по истурањето на водата.Добри шпагети подразбираат мазна, свиленкаста, и совршена текстура. За да го постигнете тоа, избегнете ги овие големи гревови во правењето тестенин

Пронајдете не на следниве мрежи: