Не ги ставајте ОВИЕ работи во машина за садови!

Колку и да се погодни за користење машините за садови, тие не се сенаменски чуда на технологијата во кои можете да ставите се што ќе ви падне во раце. Изненадувачки голем број на луѓе го учат ова на потешкиот начин. Иако некои од предметите може да „преживеат“ едно или две миења, некои предмети никогаш не треба да се стават во машина за садови.Еве што не треба да ставите во машина за садови:
Железо: Внатрешноста на машината за садови е жешка и влажна, а овие два услови се катастрофални за одредени предмети. Освен што железото ќе за'рѓа, исто така ќе му падне и заштитниот слој на тавчето.
Дрво: Повторно ве потсетуваме на истото: Машините за садови се многу жешки. Топлината го витка дрвото, и затоа треба да избегнувате ставање на дрвени работи во машината. Тоа вбројува секакви дрвени садови и даски за сечење, па дури и тавчиња со дрвена рачка. Исто така, дрвото може и да пукне, отворајќи процеп во кој ќе се наталожат бактерии.
Порцелан и деликатни чаши: Ова е очигледно. Не ставајте чаши за вино, порцелан или други деликатни садови. Хемикалиите во машината за садови се абразивни, и ќе оштетат садовите и тие ќе се скршат.
Позлатени садови: Тие речиси секогаш се деликатни, и дури и ако не се скрши целата чинија, водата може да ги одлепи парчињата злато.
Термоси и садови со вакуум: Вакуумскиот запечатувач на работ на термосот може да биде пробиен кога термосот се мие во машина и со тоа тој веќе нема да служи за својата намена.
ОВИЕ САДОВИ ИСТО ТАКА НЕ Е ПОЖЕЛНО ДА ГИ СТАВИТЕ ВО МАШИНА:

Тефлон: Постои голема дебата околу тефлонот, но најдобро е да не ги ставите тефлонските садови во машина. Политетрафлуоетиленот, односно хемиското име за Тефлон, е карциноген, а особено кога се распаѓа. Од таа причина не е пожелно да го ставите во машина, иако произведувачите постојано повторуваат дека е сосема безбедно да го миете тефлонското тавче во машина барем неколку години.
Челик што не за'рѓува: Експертите тврдат дека е безбедно да се стави челик во машина, но сепак, високата влажност ќе направи корозија на металот, и киселините од храната ќе го нагризаат. Ако веќе ставате челични работи во машината за садови, ставете ги во горниот дел од машината и добро оддалечени од другите садови за добро да се измијат.
Алуминиум: Некои алуминиумски производи се обележани со натписот „безбедно за миење во машина“. Веројатно е во ред да го послушате натписот, но оние без натпис се подложни на гребење, а исто така може и да затапат со текот на времето.
Ножеви: Ножевите исто така затапуваат со текот на времето. Најдобро е да ги измиете рачно, но бидете внимателни да не се исечете.
Пластика: Ако пластичниот предмет не е означен со „безбедно за миење во машина“ од страна на производителот, веројатно треба да го измиете на рака. Топлината од машината ќе направи предметот да се извитка, па дури и да се стопи.Еве што не треба да ставите во машина за садови:
Железо: Внатрешноста на машината за садови е жешка и влажна, а овие два у

Пронајдете не на следниве мрежи: