Вашето дете порасна и креветчето веќе му е мало и непотребно. Веројатно не знаете што да направите со него, затоа ви нудиме неколку одлични идеи.Доколку немате намера да го проширите семејството со нов член ниту пак имате на кого да го поклоните креветчето, претворете го во ново, корисно парче мебел. За реализација на овие идеи не ви се потребни многу пари и време, туку само голема желба.
1.Игрална
Свртете го креветот од обратна страна, горниот дел обложете го со масна хартија и украсете со балони или разнобојни ѕвездички. Во долниот дел на ‘’игралната’’ ставете кукли и пластични кутии со играчки, а на горниот поставете се она што може да му затреба на детето за време на играта.
2.Клупа
Од страните на креветчето направите наслон, душекот обложете го со материјал, додајте некое украсно перниче -и тоа е тоа. Добивте прекрасна клупа за тераса или двор.
3.Маса за цртање
За да ја спроведете оваа идеја на дело, ви е потребна табла за цртање која ќе ја поставите како работна површина. Додајте две столици, пластични полици за различни работи, креди во боја, сунѓер за бришење и забавата може да почне.Доколку немате намера да го проширите семејството со нов член ниту пак имате на кого да го поклоните креветчето, претворете го во ново, корисно пар



