“Не им го отстапувајте местото во автобус на повозрасните”, тоа е за нивно добро

Стручњаците тврдат дека доколку им станувате на пензионерите во автобус, не им правите добро туку напротив тоа им штети. Зошто? Бидејќи им го загрозувате здравјето, тврдат медицински стручњаци.Стоењето е добро за повозрасните лица и според истражувањата на стручњаците, сите ние треба да ги охрабруваме што почесто да го прават тоа. Треба да ги мотивирате вашите најблиски да се качуваат или слегуваат по скали и до продавница да одат пеш.
Професор од Оксфорд, Мир Греј тврди дека пензионерите мораат “да ја одиграат својата улога” кога станува збор за нивното здравје и да бидат значително повеќе активни.
Тој бара од старите луѓе да ја “сфатат нивната улога и да бидат физички активни за да не си го влошуваат здравјето” и ги охрабрува секој ден да пешачат барем по 15 минути.
“Мораме да ги советуваме постарите лица да имаат почеста физичка активност, а не да им велиме дека треба да се одморат и да лежат по цели денови. Следниот пат размислете добро кога ќе сакате да им го отстапите местото во автобус на постара личност. Стоењето е одлична вежба за нив”, вели професорот Греј за британското списание “The Sun”.
 Стоењето е добро за повозрасните лица и според истражувањата на стручњаците, сите ние треба да ги охрабруваме што почесто да го прават тоа. Т

Пронајдете не на следниве мрежи: