Бананите се едни од најбараните тропски овошја. Содржат 3 природни шеќери – сахароза, фруктоза и гликоза, комбинирани со влакна. Даваат моментална хранлива количина на енергија – истражувањата покажаа дека консумирањето на само две банани дневно, дава енергија доволна за 90 минути напорна работа. Не е ни чудо, што водечките светски атлетичари бананата ја смераар за овошје број 1!Меѓутоа, кората од бананата не е ништо помалку важна од самиот плод.
Погледнете го списокот на топ 7 начини за употреба, и повеќе никогаш нема да ја фрлите лушпата после изедената банана.
1. Избелување на забите
Сакате убави и бели заби – искористете ја кората од банана. Тријте ги забите со нејзината внатрешност секој ден за време од две недели и набрзо ќе ги видите резултатите.
2. Отстранување на брадавици од кожата
Имате проблем со постојано појавување на брадавици на кожата – овој проблем може да се реши со помош на кората од банана. Освен што ќе се отстранат, таа го спречува и нивното повторно појавување. Ставете парче од лушпата на бананата преку брадавицата, прицврстете со ханзапласт или фластер и оставете да делува преку ноќ. Повторувајте го процесот до целосно отстранување на брадавицата.
3. Третман против акни и брчки
Генерално за нега на кожата, лушпата од банана е одлична. Одлична е и за намалување на брчките и флеките на лицето. Содржи антиоксиданти и anti-aging својства, ја хидрира и храни кожата и ја зголемува нејзината еластичност и мекост. Едноставно истријте ја лушпата од банана на лицето, особено на воспалените или проблематични места и оставете да отстои така половина час.
4. Лечење псоријаза
Лушпата од банана не може во целост да ја излечи оваа кожна болест, но може да ги смири нејзините симптоми – чешањето и црвенилото и да се забрза нејзиното лечење. Втријте ја на заболеното место и оставете да делува десетина минути.
5. Аналгетик
Лушпата од банана е одлична и како аналгетик. Доколку имате болно место на телото нежно втријте ја лушпата од банана на заболеното место и оставете да отстои 15-тина минути. Набргу ќе почувствувате олеснување.
6. Смирување на кожата при убод од инсект
Доколку имате убод од инсект на телото кој неподносливо ве чеша, наместо да се чешате и да направите уште поголем проблем, пробајте да го смирите местото така што ќе втриете кора од банана на убоденото место.
7. Чистење
Лушпата од банана од внатрешната страна е масна и богата со хранливи хидрирачки својства па затоа е одлична и за чистење на кожата, облеката, мебелот, но и сребрениот накит. Меѓутоа, кората од бананата не е ништо помалку важна од самиот плод.
Погледнете го списокот на топ 7 начини за употреба, и повеќе никогаш н



