Ладното време и ниските температури ве приморуваат да ја затворате вратата и прозорот, а собата е топла и пријатна, Но, за жал и сушењето на облеката мора да се одвива во овие услови.Но истражувањето спроведено во Шкотска, покажало дека тоа не е добро. На овој начин односно со сушењето на облеката во домот се создава влага.
Дури во три четвртини од истражуваните домови имало влага. Секако овој воздух предизвикува астма и слични алергии особено кај децата.
Голем дел од луѓето ја сушеле облеката на радијатор. Тоа дополнително ја зголемува количината на влага, а подоцна води до проблеми со дишењето.
-Луѓето гледаат како што е можно повеќе да ги искористат радијаторите и останатите грејни објекти, а не размислуваат дека е неопходно проветрување во тие ладни денови.
Истражувачите предупредуваат дека доколку често дишете неквалитетен воздух тоа може да доведе до алергии.
А симптомите дека дишите лош воздух се кашлица, постојан замор, иритација на очите, грлото, кожата како и главоболки и мачнина.Но истражувањето спроведено во Шкотска, покажало дека тоа не е добро. На овој начин односно со сушењето на облеката во домот се создава вла



