Не ја преценувајте неверноста – Таа не е единствениот убиец на бракот

Според најновото истражување на компанијата Co-Operative Legal Services од Велика Британија, неверноста денес е помалку виновна за зголемениот број на разводи за разлика од минатото.Истражени се пет милиони бракоразводни парници во Велика Британија, во текот на 70те години на минатиот век, и откриено е дека денес причините за развод на бракот не се толку поврзани со неверството во истиот.
Нивното истражување покажало дека во текот на 70те години на минатиот век, неверството во бракот влијаело на 29% од случаите, додека пак денес, само 15% од разводите го посочуваат неверството како причина за развод.
Модерните парови често го наведуваат „неразумното однесување“ во бракот како причина за развод. Ова е наведено како клучна причина дури во 47% од случаите, додека пак во минатото, “неразумното однесување“ било причина за развод само во 28% од случаите.
Судејќи според листата на Гардијан, поединечни примери на „неразумно однесување“ вклучуваат и чувство на вина која сопругот и го наметнува на споругата кога тој сака да излезе надвор со другарите, сопруг кој сака да го промени полот и брачен партнер кој сака да ја подигне и искористи целата заштеда.   
 М.М.Истражени се пет милиони бракоразводни парници во Велика Британија, во текот на 70те години на минатиот век, и откриен

Пронајдете не на следниве мрежи: