Не ја видел 10 години, но кога дознал дека е бремена и без кров над главата веднаш…

Томи Колони е 23-годишен студент кој својата роднина не ја видел 10 години до моментот кога таа му испратила барање за пријателство на Фејсбук овој декември. Бил на пауза помеѓу семстрите и напорно тренирал во надеж дека еден ден ќе ја претставува Австралија како професионален тркач.Кога Ангела му се јавила, Томи ја прашал како е  и набрзо дознал дека нема кров над главата и дека е во 32-та недела од бременста. Одлучил да отиде по нејзе и ја примил  во својот стан и се грижел за нејзе  во последните денови од бременоста. Сега ѝ помага околу едномесечното бебе.
„Живеела по улици, се дрогирала и правела ужасни работи за да преживее. Немала ништо“, раскажал и додал дека не одела на училиште, дека престанала да конзумира дрога на 15 години, но  дека забременила на 16, а таткото на детето набрзо завршил во затвор.
„Ништо од ова не е нејзина вина, таа  е само девојка на која ѝ е потребна помош. Јасно е дека не можев да дозволам да остане на улица. Сите ми велат дека ова е голема одговорност, но не размислував ни за факултетот ни за работата, единствено за што размислував е дека сум ѝ потребен“, рекол.
Во моментот кога Ангела влегла во животот на  Томи, тој имал заштеда од 2800 долари од работата која ја работел што било доволно за сите трошоци кои следеле. Ја запоставил атлетиката за да може да заработи доволно пари, а на работа се вратил на почетокот на март.

Ангела се породила на 17 март а тој бил покрај неа. Сега кога детето е старо 4 недели Томи студира, но и работи три дена во неделата  за да може да ги плати трошоците за издржување.

Неговиот брат Лиам покренал кампања  за да се обиде да му го олесни животот на Томи до дополнителни финансии. Родителите на Ангела и околностите  кои ја довеле девојката до оваа ситуација не се спонати.
„Многумина ми се јавуваат велејќи ми дека сум направил добра работа, но јас се чувствувам виновно што добивам толкаво внимание. Ни пристигнуваат пораки од кои сфативме дека постојат  многу луѓе во слични ситуации, не сакам  никој да помисли дека ова нашето е единствено. Не можам да вреувам  колку жени минале низ вакви работи, без никаква поддршка и помош за време на бременоста“, порачал Томи.Кога Ангела му се јавила, Томи ја прашал како е  и набрзо дознал дека нема кров над главата и дека е во 32-та недела од бременста. Одлучил да

Пронајдете не на следниве мрежи: