Не купувајте кинески играчки

Анализата на неколку играчки од кинеско производство во српскиот град Бор покажала материја штетна за здравјето на децата. Ваквите резултати ги потврди Заводот за јавно здравје „Тимок”, јавува БЕТА. 
– Кога примероците од играчките ги потопивме во модел на растворена плуканица, ткаенините пуштија боја. Пластичните играчки имаа непријатен мирис, а кога ќе се допреа од нив паѓаа вештачки влакна – потврдија од заводот. 
Институцијата предупреди дека вакви играчки на пазарот не смеат да се продаваат и увозот на вакви производи треба да се забрани. 
Според податоците на санитарната инспекција во Бор целата роба имала решение од граничната санитарна инспекција за исправност. 
 
 Анализата на неколку играчки од кинеско производство во српскиот град Бор покаж

Пронајдете не на следниве мрежи: