Не ми паѓа на памет да докажувам дека постојам: И академик Топољинска фантом

Неодамна се вратив од странство и ме известија дека сум на списокот со спорни гласачи, а знам и дека веќе е поминат рокот за нивно пријавување, вели академик Зузана Топољинска за Дневник.Но и да бев тука, немаше да отидам да се пријавам за да ме регистрираат како гласач бидејќи сум револтирана од тоа што се случува со тој список. Нека моето име и натаму остане на тој список, а јас ќе видам дали воопшто и ќе се појавам на гласањето кога ќе има избори, изјави вчера Зузана Топлињска, академик, член на МАНУ и на повеќе други угледни научни институции. Нејзиното име, заедно со другите, го најдовме на списокот со спорни гласачи кои пред неколку недели ги објавила ДИK со цел во предвидениот рок да го регулираат својот гласачки статус. Но, откако дознала дека е спорна нејзината евиденција во единствениот Избирачки список, односно дека се наоѓа во категоријата гласачи што најголемата опозициска партија СДСМ ги смета како фантоми, таа се револтирала.
– Kако е можно јас да бидам фантом и непостојна личност? Kако може по толку години да нема траги во евиденциите на институциите за мене? Поради сето тоа, не ми паѓа на памет сега да одам и да убедувам некого дека постојам. Нека си остане така како што е, а јас длабоко ќе размислам дали воопшто и ќе отидам на гласачкото место каде што досега сум гласала којзнае колку пати. Всушност, не знам ни за кого би гласала во однос на партиите што ни се нудат – ни рече 85-годишната Тополињска.Но и да бев тука, немаше да отидам да се пријавам за да ме регистрираат како гласач бидејќи сум р

Пронајдете не на следниве мрежи: